Договорот за првата предизборна македонско-албанска коалиција за парламентарни избори денеска точно напладне ќе го потпишат лидерите на СДСМ и на Беса, Зоран Заев и Билал Касами, објави Плусинфо повикувајќи се на висок функционер на Беса.

Документот ќе биде потпишан во 12 часот во Музејот на современа уметност.

Договорено е Билал Касами да биде носител на заедничката пратеничка листа за Шестата изборна единица, а според информации од партијата на Касами, Беса ќе има добитни позиции и на листите за „единицата“, „двојката“ и за „петката“.

– Целата математика при договарањето за заеднички настап на изборите на СДСМ и на Беса е да се освои 61 пратеник, односно Заев да добие чист мандат за премиер – рекол функционерот на Беса.

Договорено е на изборите да настапат со унифицирана програма која ќе понуди реални проекти за граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.