Во ден кога 32 семејства загубија свој близок поради епидемијата на корона вирусот и кога имаше преку илјада нови заразени, мнистерот за здравство, Венко Филипче и премиерот Зоран Заев, ја покажаа својата неодговорност и заминаа да се релаксираат, шетаат и да се возат со мори низ Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека со таквите постапки Заев и Филипче покажуваат дека не се грижат за здравјето на народот, но затоа секогаш имаат време за своја разонода и забава.

Нови 1.092 случаи на корона и 32 починати лица, 32 семејства завиени во црно.

 

Филипче и Заев рушат црни биланси.

 

Македонија со Филипче и Заев, се искачи високо на листите на починати лица, и тоа на листите на „Блумберг“, „Фајненшл Тајмс“.

 

И наместо да поработи, Филипче заедно со Заев организираат возење со мотори кое им стана традиција.

 

Дополнително, Филипче, Заев и нивните служби се занимаваат со снимање на протестите на опозицијата.

 

Филипче и Заев прават се, само не се грижат за здравјето на народот, имаат време за забава, имаат време да најдат провизии, за возењето мотори веќе сите знаат.

 

Поради негрижата има 4.128 починати од корона, и Заев и Филипче ќе одговараат за секој згаснат живот.

 

Филипче и Заев одете си! И не само што треба да си одат, Филипче и Заев, ќе одговараат за секој згаснат живот!

 

Заев и Филипче се дел од мафијата која хара по државава. Заев и Филипче имаат крвави раце и нивната неспособност убива – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.