Новинарот Бранко Героски синоќа на Фејсбук објави индиции дека тендерот за Клиничкиот центар кој ќе се глради во Ѓорче Петров е веќе договорен и ѝ припаднал на реномирана фирма од Австрија, која 33 години е во бизнисот.

ДАЛИ ВЕЌЕ Е ПОЗНАТ ДОБИТНИКОТ НА ТЕНДЕРОТ ЗА НОВИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР?

Неофицијално дознавам дека денеска, на пат за Брисел, каде што се решава прашањето за датумот за преговорите со ЕУ, премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство Венко Филипче, некое време ќе се задржи во Виена (а Филипче и ќе останел таму, ако ми е точно инфото).

Прашувам, дали ова задржување на Заев има врска со потенцијалниот добитник на тендерот за новиот Клинички центар, тежок 500 милиони евра?

Дали е точно дека било јавна тајна дека тендерот речиси сигурно ќе го добие австриската компанија “Вамед”, на Балканот интензивно присутна со проекти во српскиот дел на БиХ и во Србија?

Инаку, читам дека нема ништо спорно во портфолиото на оваа компанија – стара 33 години, реализирала 700 проекти во 72 земји, вработува 16.000 работници и има годишен промет од 1,5 милијарди евра.

Сепак, тендер е во прашање. Како е можно однапред да се знае кој ќе го добие? Ако е тоа точно…

Само прашувам, пишува Героски во постот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.