Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче попладнево одржаа состанок со претставници на рестораните за свадби и прослави, претставници на ноќните клубови и претставници на дел од музичарите.

После покажаното меѓусебно разбирање и конструктивниот разговор, заеднички е констатирано дека со оваа средба дијалогот е започнат и дека во наредниот период, претставниците на рестораните за прослави и свадби и ноќните клубови, како и претставниците на музичарите кои настапуваат во нив, до Владата ќе достават конкретни предлози за решенија, после што истите ќе бидат разгледани од стручните тела на Владата, од економски и од здравствено-епидемилошки аспект и ќе следат дополнителни работни средби, се наведува во владиното соопштение.

Во него се нагласува и дека заедничка цел на вклучените во дијалогот е да се спречи какво било зголемување на ризикот по здравјето на граѓаните, а во исто време да се најде заедничко решение за поддршка на засегнатите во дејноста ‘прослави и свадби’ која е меѓу најпогодените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.