Заев и екипата кои беа најавувани дека „еве одма пристигаат во Тетово“ по завршувањето на состанокот на кризниот штаб соопштија дека нема да даваат изјави. Цела држава е пред телевизор, убиена од тага за трагедијата во која луѓе кои се бореле за здив врзани за кревет починале во пожар, а гавазиве дојдоа, прошетаа пред камери и соопштија дека… нема да кажат ништо – коемтира Богдан Илиевски или познат како Бетмен Велит.

Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче вечерва се упатија во Тетово каде што се запали ковид центрот. Живи изгореа пациенти, но и медицински персонал. Но освен статуси на фејсбук, официјална изјава нема ниту од едниот ниту од другиот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.