Среде Пандемија, кога секојдневно растат бројките на новозаразени и починати како на национално така и на локално ниво, дежурните во поликлиниката во Шуто Оризари се однесуваат непрофесионално и непринципиелно, бараат ВИП услови за работа.
Додека во ходникот се создава колона од пациенти секој со своја мака меѓу кои родители со деца и стари лица дежурната докторка си разговара на телефон. На реакција и прашање на пациентите Зошто не ги прима за преглед им е кажано дека немала соодветни услови за работа, воздухот бил многу загаден не можела да диши, многу и било студено немала греење и што ли уште не. Па на сето ова мора да дојде друга колешка да и укаже дека луѓето не се виновни за тоа и да ја замоли да почне да ги прегледува луѓето.

Заев, Филипче видете до какво дереџе не доведовте. Ова ли е ЖИВОТ-от за кое ни зборевте за време на изборната кампања, ова ли ви МОЖЕТЕ…?

Алооо Градоначалнику, Пратеничке, Советнику, “Професионалци”, Општинска Организација, Коалицијо на СДС тука ли сте?!
Народот не заборава, бидете сигурни дека дека ќе ве казни. Погледнете го видеото и засрамете се, го уништивте ромскиот народ! – коментира на фејбук претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Шуто Оризари и кандидат за пратеник Ерџан Демир.

На видеото кое тој го објави се гледа докторката блечена во зимска јакна со капа на глава работи на својот мобилен телефон. Ходникот од амбулантата е полн со луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.