Пред една година 610.000 граѓани гласаа „ЗА“ нашите најголеми стратешки цели: членството во НАТО и ЕУ, напиша премиерот Зоран Заев на „Твитер“ по повод една година од референдумот со прашање: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“.

Тоа беше силна порака од граѓаните, како што е денес пораката дека над 80% се за евро-атлантска интеграција. Донесовме храбри одлуки чии благодети граѓаните веќе ги чувствуваат, пишува Заев.

На 30 септември 2018 година беше забележана најслабата излезност во историјата на Македонија. Од регистрирани 1.806.336 гласачи, на референдумот својот глас го дадоа 36,91%.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.