На премиерот Зоран Заев и на поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, на церемонија организирана во Мунстер, Вестфалија, им е врачена Меѓународната награда за мир на Вестфалија за 2020 година.

Наградата ја врачи претседателот на Латвија Егилс Левиц, како претставник на трите балтички земји кои оваа награда ја добија за 2019 година.

Заев, заблагодарувајќи се за признанието, изјави дека со неговиот пријател Ципрас одлуката, да го решат деценискиот спор меѓу македонската и грчка држава, ја донеле со цел да отворат нови визии и меѓусебна соработка за народите на државите, пријателство меѓу нив и да се отворат евроатланските перспективи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.