Денеска имав телефонски разговор со премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов.
Му се заблагодарив за честитките што тој ги искажа за мојот реизбор за претседател на СДСМ и му посакав успех на претстојните парламентарни избори во Бугарија и просперитет на бугарскиот народ.
Се согласивме дека одговорите на прашањата што се отворија меѓу нашите две земји се содржат во Договорот за добрососедство и пријателство.
Заеднички споделивме дека поскоро треба да дојдеме до решенијата кои ќе поттикнат унапредување на односите меѓу Македонија и Бугарија и дека во минатото на нашите две земји има основа на која треба да ја градиме нашата заедничка иднина во ЕУ, напиша на Фејсбук, Зоран Заев.

Порака со слична содржина на својот фејсбук профил објави и бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Зборував по телефон со премиерот на Република  Македонија, Зоран Заев. Му честитав за реизборот за претседател на неговата партија и тој ми посака успех на претстојните парламентарни избори во Бугарија. Двајцата се согласивме дека одлуките што двете земји мора да ги донесат во духот на Договорот за добрососедство и пријателство не смеат да се одложуваат и во име на нашата заедничка историја и во името на нашата заедничка европска иднина, наведува Борисов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.