Премиерот Зоран Заев заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими денеска ќе замине во посета на Луксембург.

За време на посетата, владината делегација ќе се сретне со претседателот на Европската инвестициска банка Вернер Хојер, а ќе оствари средба и со премиерот на Луксембург, Савиер Бетел.

Од владината прес-служба најавуваат дека ќе информираат за сите активности од работната посета.

Во Луксембург требаше да отпатува и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, но тој во саботата на својот Фејбук профил објави дека е позитивен на Ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.