Медиумите во Србија посветуваат големо внимание на шпиунската афера во која се вклучија безбедносните служби и во која е уапсен еден државјанин на нашата земја.Најверојатно станува збор за бизнисменот Шефшет Демировски сопстевник на фабриката „АТС“. Тој се сомничи дека во Србија незаконски прибавил документи за производство на оружје.

АТС Груп“ во јули оваа година инвестираше. три милиони евра во фабрика во Македонија, во индустриската зона Визбегово, каде се произведуваат производи од композитни материјали за безбедносните служби.

Сопственикот Демировски во говорот истакна дека по повеќедецениска работа во странство одлучил да инвестира во земјава и оти неговите производи ќе гарантира висок квалитет според НАТО стандардите.

На отворањето на фабриката беше присутен целиот државен врв на чело со премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, лидерот на ДУИ Али Ахмети, вицепремиерот Бујар Османи, пратеникот Артан Груби и многу други.

Премиерот Зоран Заев во говорот истакна дека го поддржува состеникот Демировски и оти е пример кој одлучил да инвестира во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.