Заев, Груби, Османи и криминалниот картел на СДСМ и ДУИ не носат европска иднина во Македонија. Криминалниот картел на власт е закана за европските вредности, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Корупцијата и криминалот на власта се најголемата закана за Европската иднина на Македонија. Тие веќе се прогласени за црна точка во Европа. Транспаренси ја рангира Македонија на рекордно најлошата 111 позиција по борбата против корупцијата. Македонија е најсиромашната и најнесреќната држава во Европа, а според Блумберг е една од 10-те посочени земји кои нетранспарентно ги трошеле парите од ММФ за справување со пандемијата. Корупцијата на власта е нотирана и во извештаите на ЕК и во извештаите на Стејт Департментот. Власта на Заев е таа која дозволи 215 официјални македонски пасоши да се издадат на криминалци, нарко босови и терористи. Во време на власта на Заев дипломати се апсат по меѓународни потерници, во дипломатска пошта се шверца цигари, а во полициски возила се пронаоѓа дрога. И Европа и граѓаните го гледаат криминалот на власта. Токму затоа, поради криминалното поведение на власта кое останува неказнето и бесперспективноста која тоа ја создава, граѓаните се песимисти и се намалува поддршката на народот за ЕУ, истакнуваат од опозициската партија.

Кон Европа може да чекори само власт без Заев и без заевизмот кој тој го инсталираше овие години. Затоа се потребни итни предвремени парламентарни избори, додаваат од таму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.