Премиерот Зоран Заев во интрвју за МИА вели дека случајот „Рекет“ нема да ги спречи евроатланските аспирации на земјата, и дека граѓаните треба да бидат спокојни, бидејки според Заев државата има капацитети и со поддршка од јавноста и од западниот демократски свет. Тој во интервјуто истакнува дека нема да им дозволи на непријателите на нашата земја да им успее планот преку користење на криминалци, манипулатори и измамници да го спречат успехот на земјава, членството НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ.

Ова е оној дел од борбата за конечна победа на правдата и демократијата врз криминалот и манипулациите за кој велам дека е трауматичен, но неопходен.

Овој случај покажува дека нашата борба има смисла и резултат. Институциите функционираат и заедно со граѓаните покажуваат сериозен отпор на неправилностите. Секаде во светот, во која било земја каде власта одлучно и искрено создавала услови да се отвораат истраги каде што имало и најмало сомневање, секаде било тешко и трауматично. Нема да е лесно и кај нас. Ќе биде тешко, но вака стануваме држава каде владее правото, само така ќе бидеме држава каква што сите посакуваме.

Северна Македонија е подготвена за предизвиците со кои постојано се соочуваме на патот до влез во НАТО и почетокот на преговорите за членство во ЕУ. Не сме ни први ни последни кои се соочиле со противници кои ставаат препреки на интеграцискиот пат.

Но, граѓаните да бидат спокојни, државата има капацитети и со поддршка од јавноста и од западниот демократски свет нема да дозволиме на непријателите на нашата земја да им успее планот преку користење на криминалци, манипулатори и измамници да го спречат успехот на земјава, членството НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ, вели Заев за МИА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.