На гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21, премиерот Зоран Заев истакна дека имаме заедничка историја со Бугарија, како и дека Гоце Делчев бил заеднички херој од историјата.

Заев изјави дека е подготвен да потпише нова правнообврзувачка Декларација со Бугарија.

Заев повторно потврди дека Гоце Делчев бил заедничка историска личност со бугарскиот народ затоа што таму имало институции именувани по неговото име.

Подготвени сме да усвоиме Декларација која ќе биде правнообврзувачка за имплементирање на се она што е предвидено од договорот со Бугарија – изјави Заев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.