Новинарот Бранко Героски смета дека е класично уривање на правниот систем тоа што тогашниот премиер Зоран Заев договара пресуди и да вели дека без него судски одлуки не се носеле.

Не знаевме дека премиерот Зоран Заев во тоа време, човекот алфа и омега на македонската политичка сцена, во овие три години всушност конкретно знаел и зборувал, разговарал со соговорник кој се уште ни е непознат. Кај што му вели – „Ова не важи, овие пресуди ќе паднат на Врховниот суд, знае Катица Јанева, знае претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, ова се ќе падне на Врховен суд“, ова сето укажува на дерогирање на правото. Односно уништување на правниот систем, истакна Героски на гостувањето во Алфа.

Героски додаде дека бомбата на Милошоски ни кажува дека операцијата на Заев е направена свесно со знаење дека ова не може да помине.

Јас во моите колумни пишував дека тие пресуди ќе паднат во Македонија, ако не паднат во Македонија ќе падната во Стразбур. Луѓето биле свесни дека ќе падне на Врховен суд, без Заев не може нели? Без Врховниот суд не може. Сугерира господин Заев, вели дека биле договорени со претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски. Јас тоа се обидов да го проверам директно од Јово Вангеловски, кој тврди резолутно дека тоа не е точно, но нема што да се договара тоа. Тоа законот го кажува, рече Героски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.