Еден од министрите кои нема да ја преживеат метлата на премиерот Зоран Заев е Горан Сугарвски, првиот човек на министерството за транспорт и врски, дознава „Република“ од неофицијални партиски извори. Според информациите на местото на Сугарески ќе дојде сегашниот директор на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов. Според добро упатени извори, Заев ќе побара смена на Сугарески поради инсталирање на лоjален кадар од струмичкото лоби на оваа функција.

Коментарите се дека Заев, по резултатите од изминатите претседателски избори, е свесен дека шансите за победа на наредните избори се минимални, по што сега ја зацврстува контролата врз ресорот со китанив, кој важи за човек близок до братот на премиерот, Вице Заев и „Јавор Шпед на Горан Крстев, двајцата дел од градежниот бизнис. Ваквата позиционираност отвора нови перспективи за работа и лични бизниси.

Извори за „Република“ коментираат дека ваквата одлука на Заев не наишла на согласност кај прилепското лоби во СДСМ. Прилепското лоби во СДСМ останува без значајна потпора која сега е изразена преку акуелниот министер.

ОД СДСМ денеска се воздржани од било какви коментари поврзани со промените кои се најавени. За денеска е закажана седницата на Централниот одбор на партијата, по што ќе се знае дали ваквите информации добиени од внатрепартиски кругови ќе се потврдат или не.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.