Зоран Заев го промовирал Димитар Ковачевски за наследник на лидерската позиција на состанокот на Централниот одбор, брифира за ТВ 24 висок партиски функционер од состанокот.

Според истиот функционер немало реакција од членовите на оваа најава.

Сепак дел од нив ја отвораат дилемата, како и покрај фактот дека Заев ќе застене зад него доколку има и други кандидати ќе има гаранција дека Ковачевски ќе победи на непосредни партиски избори.

Според инфотмациите на ТВ 24 Заев најавил дека се повлекува, а дека очекува на 12 декември да се гласа за нов лидер, кој потиа би бил и нов мандатар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.