Маратонската лидерската средба заврши со фијаско. И по седум часа преговарачките тимови на власт и опозицијата не успеаја да се договорат како да биде устроено новото обвинителство кое би се формирало од постојното Обвинителство за органзиран криминал и корупција и СЈО, кое би згаснало со новоиот Закон за ЈО.

Опозицијата обвини дека власта ги враќа на прашања за кои се сметало дека се затворени и дека преговарачкиот тим на чело со Зоран Заев не сака договор туку по секоа цена на чело на новото обвинителство да застане шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска.

Како поткрепа на овој став на опозицијата е и момент од средбата, во кој премиерот Зоран Заев практично и признал дека не прифаќа договор за јавното обвинителство затоа што бара амнестија за скандалите и сомнежите за криминал во кои е вплетката актуелната власт, а за кои не се отворени постапки ниту по две години.

Во еден дел од разговорите самиот Заев се согласи за нов сектор во Обвинителството, кој нема да биде надлежен за предметите и скандалите кои се актуелни, туку ќе гони корупција од датумот на формирање на органот, вели извор од опреговарачкиот тим на опозицијата.

Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев грчевито се бори да го задржи влијанието врз обвинителството инсистирајќи на чело на новото обвинителство за органзиран криминал и висока корупција да застане досегашната шефица на Обвинителството за органзииран криминал и корупција Вилма Рускоска.

Опозицијата предводена од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, е на став дека изборот на Заев Рускоска да биде на чело на обвинителството значи само едно – директно влијание во обвинителството за спас од одговорност за криминало на власт. Доколу Рускоска остане на чело на новото обвинителство, тоа би значело амнестија за „Рекет“ и за низа други скандали поврзани со власта.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.