Власта го партизира и Судскиот совет, назначувањето на Павлина Црвенковска за претседател на Судски совет е ставање целосно рака над судството, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Црвенковска е своевремено шеф на кабинет на Бучковски и функционер во владите на СДСМ. Заев и СДСМ функционираат по систем на партизација, тоа го гледаме и во судството, назначувањето на Црвенковска е само продолжување на низата партизации, како назначувањето на Кацарска за Уставен судија. СДСМ целосно го контролира судството, преку Кацарска Уставен, преку Црвенковска Судскиот совет, преку Русковска обвинителството.
Заради ваквата партизираноста немаме предмет за Зоран Заев, за кого слушнавме лично од Боки 13 дека парите од „Рекет“ завршиле кај него и брат му Вице. Заради ваквата партизираност немаме одговорност за Мафија 1 и 2.
Заев го окупира судството, со надеж дека откако ќе падне од власт, неговите инсталации во судството ќе може да го штитат од правдата. Тој филм нема да го гледа, правдата наскоро доаѓа, без разлика колку послушници до тогаш ќе постави на функции во правосудните инстанци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.