Нема да се менува Уставот, имаме европски Устав – ветуваше лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во кампањата кога трчаше да го лапне премиерскиот мандат. Тој велеше:

Што се однесува до Уставот, гарантирам, одличен Устав имаме, европски Устав. Уставот нема да дозволам никој да го смени. Уставот ќе се почитува, Уставот ќе се спроведува. Нема менување на Уставот, бидете спокојни, не дозволувајте режимот повеќе да ве лаже

И додека обвинуваше дека „режимот“, однесувајќи се на претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, лаже дека СДСМ на чело со Заев има за цел да дојде на власт за да го промени името и Уставот, денеска во Собранието на Р. Македонија се расправа токму за уставни измени.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.