Носевме храбри одлуки, имавме став, затворивме важни децениски прашања, изградивме мостови, ги зачуваме сите важни атрибути, па создадовме пријатели и отворивме врати за економски развој на државата, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на вечерашната трибина во Крива Паланка.

 Не калкулиравме со политичкиот рејтинг, туку им служевме на народот, на татковината, а се што правевме и правиме е за младите, за децата, зашто тие се иднината за да продолжиме напред. За две и пол години отворивме 64.000 работни места, за четири години ќе отвориме 100.000, за да ги задржиме младите дома, рече Заев.

Според него, сега државата има ветар в грб, поддршка од соседите, па, како што рече, токму затоа, можеме уште повеќе и подобро.

Го исполнивме аманетот на предците, на нашите прадедовци, кои се бореа во НОБ, создавајќи држава, кои се бореа во Балканските војни, за да имаме македонски народ и држава, за да имаме македонски јазик, рече Заев пред кривопаланчани.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.