Во изјавата за медиумите по завршувањето на Централниот одбор претседателот на СДСМ Зоран Заев го демантира претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој пред две недели изјави дека разговарал со Заев и го предупредил за снимките од италијанските луѓе.

Последен пат со претседателот на Република Србија имав пред месец и половина или два на пуштањето на автопатот, коридор 10 каде што беше приредена и вечера со Вучиќ во Предејане. Разговаравме на многу теми, меѓународни и слично, но не разговаравме на таа тема. Ќе го прашате него кога тоа ме предупредил на последната средба, како што го поставивте прашањето. Не разговаравме на таа тема, рече вечерва Заев.

Пред две недели српскиот претседател Вучиќ изјави нешто друго.

Колку што јас знам од добро информирани италијански извори, ќе има уште изненадувања во тој случај и верувам дека сега Зоран Заев го разбира она што му го кажував за одредени лица – кратко коментираше Вучиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.