Зоран Заев го аболицираше Драги Рашковски преку медиумите, а судот безпоговорно изврши. Рашковски е фатен како со народни пари купил сопствен патент. Постојат сомнежи за десетина набавки на софтвер, а индициите за злоупотреби со народни пари се очевидни. Рашковски само неколку дена пред да се отвори истрагата против него го префрли целиот имот на своите малолетни деца. Што и зошто криел, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Рашковски во паника си ја ишкаше мувата од капата и кога побегна во Мексико мислејќи дека народот ќе заборави. Индициите за сторен криминал се огромни. Медиумите објавија и докази, а Заев упорно го брани својот другар Рашковски, и во изјава за медиуми од позиција на премиер изврши притисок врз правосудните инстанци. Криминалите на Рашковски, како и тие на Заев се документирани. Циркузот како тој денес кратко ќе трае, а ќе дојде време за одговорност, и тогаш нема да биде Заев во позиција да влијае врз судството, велат од партијата.

А тогаш Рашковски ќе треба да објасни се, па дури и како дошол до гаранцијата од половина милион евра. 4 години со Заев имаме само криминал и корупција, 4 години украден живот. Доста е, посочува ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.