Премиерот Зоран Заев не знаел кој е Јован Вукотиќ кому македонското МВР му издало пасош на име Георги Андонов. Тој тврди дека не знае дека Вукотиќ е водач на озогласениот црногорски Шкаљарски клан, затоа што наводно не се занимава со кланоови.

Во вечерашниот ТВ дуел по тврдењето на Заев дека пасошот и личната карта на Седат Пекер биле фалсификати издадени од страна на МВР. Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски го праша каков му е пасошот на Јован Вукотиќ.

Заев: Не знам кој е тој Јован Вукотиќ. Не го знам кој е, ако го знаете, кажете го.

Мицкоски: Кавачки, Шкаљарски ги нарекуваат оние кланови кои се занимаваат со…

Заев: Не се замимавам јас со кланови.

Мицкоски: Тоа е голем пропуст за васм додека тие водачи на кланови се стекнуваат со македонски пасоши.

Заев: Македонскиот пасош е светост и се знае кој може да го добие. Пасошот на Пекер е фалсификуван, ние докажавме и го избркавме. Како тоа му даваме пасош, па го бркаме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.