Зоран Заев ги минираше преговорите за да го заштити својот и криминалот во своите редови. Затоа не сака независно обвинителство водено од обвинител на предлог на опозицијата, туку сака уште една компромитирана институција како СЈО преку која ќе си го прикрива криминало, истакна на денешната прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Зоран Заев се плаши од независна истрага за случајот „Рекет“, затоа што знае дека исказите на жртвите и вмешаните водат до главата на криминално рекетарската банда. Никој веќе не верува дека Боки или Катица на своја рака, без насоки и заштита од политичкиот врв влегле во ова крими авантура. На Заев му е потребно ЈО кое е продолжена рака на власта, на Заев му е потребно баш вакво јавно обвинителство за да го затвори случајот „Рекет“, без притоа јавноста да ги дознае вистинските нарачатели.

Власта се плаши од независна истрага, зошто така ќе се дознае и каде завршиле парите од снимката која сите ја видовме, но и каде завршиле сите останати рекетирани пари за кои има сериозни индиции. Заев е исплашен да не се дознае и дали токму со тие пари е финансирана кампањата на Пендаровски!? Заев се плаши од независно обвинителство затоа што знае дека со разврска на случајот „Рекет“ јавноста ќе дознае дека рекетот е вршен со амин и за потребите на криминално рекетарската власт, истакна Јанушев.

Како што потенцираше тој, Заев е во паника и затоа не сака независно обвинителство. Паниката и стравот се вистинскиот мотив поради која Заев ја спасува Катица Јанева во Собранието.

Зоран Заев со своето однесување, а воден од себичните побуди да се спаси од одговорност за криминалите по не знам кој пат, ја загрозува европската иднина на Македонија. Доколку Заев навистина е за примена на европските вредности, а не за заштита на криминалот тој ќе ги прифатеше предлозите на ВМРО-ДПМНЕ кои се во насока на заштита на Уставот, законите но и меѓународните конвенции и пракси, дополни Јанушев.

ВМРО-ДПМНЕ будно го следи случајот и целата негова разврска. Доколку власта продолжи да го одолговлекува случајот и се обиде на било каков начин да влијае на истрагата, ќе ги објавиме документите кои до нас ги доставија свиркачи, а кои ги има исто така и ЈО. Порачуваме никој да не се осмелува да си игра со правдата, зошто одговорност за ова незаконие ќе има, и секој индивидуално ќе се соочи со санкциите, заврши генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.