Клиниката за Државна кардиохирургија на домашно лекување, Иван Огњановски, првиот пациент во земјава кому му беше трансплантирано срце од донор, мораше да се сретне со двајца посетители.

Како дел од нивната предизборна кампања, тој беше посетен од страна на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, како и министерот за здравство Венко Филипче, но овојпат, како што е наведено, во улога на претседател на Комисијата за здравство на СДСМ.

Ви посакувам добро здравје, вие сте храбар човек и имаме златни луѓе, здравствени работници кои се грижат максимално за нашите пациенти. Вие сте нашата гордост. Имаме вредни и учени здравствени работници. Правиме сѐ да им ги подобриме условите и да ги задржиме нашите лекари во јавното здравство. Нема повредна работа од еден спасен човечки живот, рекол Заев, користејќи ја оваа прилика и да потенцира дека во изминатите три години „ги подобривме условите во над 30 јавно здравствени установи и инвестиравме во набавка на нова, современа медицинска опрема“.

Ги зголемивме и платите на лекарите специјалисти, на медицинските сестри, но и на помошно-техничкиот персонал во здравството. Со тоа, го подигнавме нивото на здравствената заштита за пациентите и овозможивме подобри услови за работа за нашите здравствените работници, истакна, како што пишува во соопштението од СДСМ „претседателот Заев“ и додаде дека во следниот мандат обезбедуваме уште повеќе инвестиции во здравството, за уште подобар здравствен систем.

Филипче истакнал дека платите во здравството ќе ги зголемуваат за 40 отсто до 2024 година, односно по 10 отсто секоја година.

Триесет и три милиони евра вложуваме во одделенијата за интензивна нега, за нивна модернизација и набавка на современа опрема. Ова е огромен успех за македонското јавно здравство. Со оваа интервенција испишавме историја во кардиохирургијата. Од срце се заблагодарувам на целото семејство на донорот Емилија Динева за алтруизмот и хуманоста ја ни ја покажаа на дело. Ни покажаа дека човекољубието е над сѐ. Горд сум на целиот медицински тим кој работеше на оваа операција. Покажавме дека знаеме и можеме. Направивме вистински пресврт во здравството. Срцето на Емилија сѐ уште чука, а екипата продолжува да се грижи максимално и понатаму за Иван, посочил Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.