Откако Мирјана Најчевска доби казна од 200 евра за фрлање боја на социјалните мрежи се разгоре дискусија зошто и Зев, Шеќеринска, Шилегов, Оливе Спасовски не добија казна.

Ивор Мицкоски на својот фејсбук профил напиша:

Најчевска казнета со 200 евра за фрлање боја.
Да се каже дека вие сте идиоти, веќе е премалку.
Има ли поглуп начин да покажеш дека си смрдлива и провинциска елита, од тоа да казниш друг за тоа што и самиот си го правел, потоа узурпирал, и евентуално те довело на власт.
Троглодити

Други, пак, прозивајќи ги јавно Заев, Шеќеринска, Шилегов и Спасовски предочија видео на кое јасно се гледа како истите фрлаат боја.

Zoran Zaev фрла боја, Radmila Sekerinska фрла боја, Петре Шилегов фрла боја, Oliver Spasovski можете да ми објасните зошто за нив нема пријави, а има казна за Mirjana Najchevska?

Луми Бекири исто така е казнет со 200 евра. Тој на својот фесјбук профил го прозва Министерството за внатрешни работи:

Здраво Министерство за внатрешни работи
Имам видео запис на кој јасно се гледа ликот на Радмила Шеќеринска каде фрла со боја по државните институции и кој можам да ви го доставам.
Дали казната ќе ја стигне и неа како и другите и зошто не?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.