Премиерот Зоран Заев е против целосно затворање на државата поради зголемениот број на случаи на Ковид-19, бидејќи, според него тоа ќе се одрази на економијата.

Ако Комисијата за заразни болести предложи мерки кои навистина ќе го намалат бројот на заболени, ние како Влада ќе ги прифатиме. Но, нема да брзаме со полициски час и целосен локдаун, бидејќи тоа ќе се одрази на економијата – изјави Заев, кој денеска беше во обиколка на претоварна станица во Скопје каде се одложуваат стари печки и други нееколошки грејни тела.

Во вчерашниот извештај на министерството за здравство беа регистрирани рекордни 535 нови случаи на Ковид-19 во Мемјава, најмногу од почетокот на епидемијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.