Има начин како да се обезбеди случаите на СЈО да доживеат епилог, смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој на новинарско прашање  за изјавите на Заев дека по промената на владата може да дојде до престанок на случаите на СЈО, вели дека тоа е само уште една лицемерна политика на Заев.

Од една страна, во Уставниот суд охрабрува амнестија, а од друга страна јавно зборува дека стравува. Има начин како тоа да се обезбеди тие случаи нормално да доживеат успешен епилог, односно да имаат осудителна или ослободителна пресуда. Тоа е фер транспарентен судски процес кој што треба да се почека и да видиме како ќе завршат. Но единствен кој во оваа држава  обезбедуваше и договараше амнестија е токму Зоран Заев кога се обидуваше во рамките на парламентот да протурка иницијатива за измени на Кривичниот законик, посебно на членот 353 и став 3 и став 5. Јавноста се побуни, па потоа владата ретерираше дека всушност никогаш не доставила таков документ, потсети Мицкоски.

Тој додаде дека од една страна едно зборува во јавноста кога ќе излезе пред медиумите а од друга страна е добар домаќин на лица кои што се опфатени со тие предмети и друго договара со нив на маса.

Тоа го знаеме тоа јасно ни е но тоа е реалноста на која што ние се навикнавме да живееме таа стварност ќе ја поразиме во април 2020 и тогаш јавноста ќе види што е вистинска борба против криминалот и корупцијата и тогаш јавноста  ќе биде сведок што значи нулта толеранција со криминалот и нулта толеранција со корупцијата. Инаку ние нема никогаш да си дозволиме ќе повторам едно да зборуваме во јавноста а друго да зборуваме во кабинетите со луѓето кои што се опфатени од таков тип на случаи како што тоа го прави Зоран Заев, рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.