Oд завршните зборови на Бојан Јовановски и неговиот адвокат може да се види оти зад рекетот стоеле сценарио за уништување на СЈО, замислено токму од Зоран Заев. Јовановски тврди дека токму на една од средбите со Заев, тој објаснувал дека СЈО му направило голем проблем со покренувањето на случајот Империја, каде обвинети се Сашо Мијалков и Јордан Камчев.

Мијалков му бил потребен тогаш на Заев за промена на уставното име на државата, посочи Јовановски.

Јовановски и се закани на судијката Масевска дека има две опции: да го ослободи бидејќи според него нема доволно докази, а другата е да биде осуден драконски со повик на црвениот телефон, во таков случај Јовановски кажа дека има уште еден УСБ диск со материјали од неговиот телефон, докази кои упатуваат на наводната инкриминароност на судијката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.