Зоран Заев е истрошен политичар. Заев и СДСМ се исплашени и затоа пласираат лажни вести, само да го ублажат престојниот пораз. Бегството од дуели е неодговорност кон граѓаните и нема да ја спаси политичката кариера на Заев по 12 април, велат од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.

Според нив, Заев е во очај. Заев e во паника од пораз и затоа ги злоупотребува институциите за ширење на лаги. Криминалецот Заев за да не се дознае вистината дека токму тој е главата на октоподот кој стои зад Рекет, посегна по новинарската слобода и осуди критички настроен новинар за пишување информации од јавен интерес. Со власта на СДСМ и Заев, Македонија е заробена држава, хибриден режим. Заев ја има целосната контрола врз „Луј Витон“ правосудство кое што во моментот ги извршува неговите наредби, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Според партијата, Заев е свесен дека рејтингот му е во слободен пад и затоа избегнува лидерско соочување со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски.

На секое соочување, јавноста има прилика да види колку е Заев инфериорен или пак да чуе некоја негова нова лага. Доволно граѓаните се заложници на лудоста, криминалот, лицемерието, лагите и коруптивноста на Зоран Заев и неговата криминогена фамилија. На Зоран Заев по 12-ти април му следува крај на политичката кариера поради криминалните тендери на неговото семејство и на функционерите од СДСМ, рекетот како главен проект на оваа влада на СДСМ изминативе 3 години, растечката корупција, фијаското во економијата, образованието, здравството, земјоделството, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Според ВМРО ДПМНЕ претстојните избори Зоран Заев треба да си замине од политиката и политичката сцена.

Затоа треба да одговори дали сега кога ќе изгуби на изборите ќе си даде оставка и ќе замине од политиката засекогаш. Веднаш потоа ќе одговара за се она што направил. Изборот е едноставен и убедени сме граѓаните дека ќе извојуваат голема победа заедно со ВМРО-ДПМНЕ над политичкото цунами наречено Заев кое е поразително за иднината на нашата држава Република Македонија. На 12-ти април следува крај на мафијата на Зоран Заев и СДСМ и следува обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните на 12-ти април јасно и недвосмислено ќе кажат, Заев, никогаш повеќе, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.