Ако на нешто навикнавме во овие две години откако Зоран Заев седи во премиерското столче на „Илинденска“ 2 е или да проверуваме дали неговите изјави се хумористични вести или пак да чекаме соодветно толкување на тоа што сакал премиерот да каже.

Досега таа чест, да исправа криви краставици, ја имаше пиар-армијата на Владата, но денеска, откако покажа нула познавање од нација, историја, нула државнички капацитет, Заев застатана зад своите зборови – и за своите глупости го обвини Груевски!

И секако, повторно се вративме на првото – дали се работи за хумористична вест. Не, и овојпат Заев стои потпишан под својата изјава. И под првата, дека Македонците крадат туѓа историја и под втората дека Груевски е виновен за тоа. И не само тоа – туку премиерот се навредил што јавноста, од академици, новинари, професори, јавни личности, но и граѓаните директно го нападнаа и го обвинија за однародување и елементарно непознавање на историските текови, па им порача „Не може мене да ми се накалемува нешто што не јас, туку Груевски и неговата идеолошка машинерија го правеа 10-11 години.

Ако не верувате – прочитајте.

Јас многу често и подолго време јавно говорам за злоупотребата на историјата во политички цели. Така беше и на интервјуто за грчката телевизија Алфа на која бев прашан и одговарав за минатите штетни политики на национализам и антиквизација.

Не може мене да ми се накалемува нешто што не јас, туку Груевски и неговата идеолошка машинерија го правеа 10-11 години.

Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита и нивните послушници квазиексперти кои тргнаа во мемдиумска офанзива да оправдаат идентитетски инжинеринг.

Не македонскиот народ, туку Груевски и неговата пропаганда спроведоа идентитетски инжинеринг за да насадат нешто што не е природен, ниту суштински дел од македонскиот национален корен.

Спроведоа масивна и масовна културолошка операција наречена антиквизација за да букефализираат цел еден народ и со тоа да нѐ скараат со сите соседи. Им успеа цела деценија да нѐ држат во изолација.

И додека врвеа и ги поттикнуваа наводните дебати за тоа кои сме и што сме, нѐ фрлија во изолација и ги фрлија во мрачните подруми нашите приоритети – ЕУ и НАТО. Го уназадија и блокираа целиот процес.

И додека го правеа тоа, зад таа димна завеса, ги извршија сите криминали и политички злосторства заради кои сега се соочуваат со правдата.

Јас ја вложив целата моја политичка сила за да решам прашања за иднината и за сите идни генерации.

Нашата земја и нашиот народ се справија со антиквизацијата и јас ќе продолжам да зборувам јавно за потребата од мир и соработка на Балканот, но и за моментите од заедничката историја кои ги спојуваат и поврзуваат нациите.

Ова Фејсбук толкување на сопствените зборови искажани во интервју, ни повеќе ни помалку за грчка телевизија, наиде на нож кај следбиениците на премиерот на Фејсбук.

Ви пренесуваме дел, за да остане запис, зашто негативните коментари од профилот на Заев знаат да „добијат нозе“.

Кога се дава јавна изјава,мора да се внимава на секој кажан збор.Македонците не присвојувале туги истории,но ти,токму тоа го рече/А што си сакал да кажеш,народот не знае.

Еве вака. Хитлер беше најголемото зло, што го има зафатено светот во минатиот век. Поради него загинаа повеќе од 50 милиони луѓе и се уништи пола свет. Но поради Хитлер, германците не си го сменија името. Не си ја сменија историјата, не сменија се што е германско. Да, се извинија и се уште се извинуваат. Платија огромна оштета, можеби се уште плаќаат. Но не се самоукинаа!!! Не може поради Груј ние да се самоукинеме. Да се самопоништиме. Не може неговата кражба, да биде причина за уништување на се што е македонско и се што создавало од македонци изминативе векови и милениуми. И најважно од се, не треба тоа да биде некаква причина за заборавање на сите злосторства што ги претрпил македонскиот народ во изминатите 2 века. Сите изживувања, масакри, раселувања, бомбардирања. И на крај, не си ти бе Зоки типчето кој со еден потег се тоа ќе направиш да не постои. Не бе ти Зоки, кој на крај ќе излезеш поголем злосторник и од Груј Велики.

 Господине Заев… од пранкерите слушнавме дека се сметате за политички аналитичар, на грчките медиуми видовме дека се сметате и за историчар. Да не информирате, ве молам, кога ќе сметате дека можете да бидете и хирург да не отидеме тој ден во болница.

Нека ги исцепаат сите психијатри од Македонија од тебе поголем срам немало нема ни да има.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.