МВР веќе постапува, ги има снимките и истражува точно да се најдат сторителите, кажа
денеска премиерот Зоран Заев во врска со за пукањето на митингот на ДУИ. Премиерот
нагласи дека ДУИ веднаш се оградуваат и повикуваат МВР да си постапи по сите вакви
случаеви.

МВР веќе постапува, ги има снимките и истражува точно да се најдат сторителите. Јас апелирам до граѓаните кои што направиле снимка и го документирале тоа да помогнат во истрагата. Анонимно, не мора се знаат, но да помогнат затоа што дел од истрагата се води не само со анализа на снимката и фокус на кој тоа го направил туку треба и дополнително да се помогне за да се утврди идентитетот на одредена личност, група или слично,“ рече Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.