Професорката Гордана Силјановска Давкова во последниот претседателски дуел на ТВ24 пред изборниот молк и гласањето во вториот круг од претседателските избори во недела, откри дека Зоран Заев не по негова волја дал оставка од претседателското место за реформи во судството.

Професорката обзнани дека Заев ја поднел својата оставка поради наредба од ЕУ да го стори истото, бидејќи со него на чело на ова тело нема реформи и нема независно судство.

Ние во овој период говориме за почеток на преговори со ЕУ, но оценката е доста глума, со демократи, доста актери, промени на Западен Балкан нема. Потребни се радикални реформи, почеток на преговори нема да има. И пораката е, прво поднесете оставка на функцијата претседател на телото за судски реформи оти тогаш нема реформи, тогаш нема независно судство, а потоа ќе зборуваме, вели Силјановска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.