Ви истече времето како шеф на опозицијата, нема да бидете ниту шеф на опозицијата, му рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Не покажавте ништо во изминативе неколку години, освен опструкции и кочење. Јасно му е тоа на народот. Сто пати само моето име го спомнувате. Сите спотови ви се со Зоран Заев. Во сонот сум ви ноќна мора, веројатно. Зоран Заев ќе го гледате уште 4 години. Зоран Заев ќе ја добие одговорноста од нашиот народ и ќе продолжи да работи за нашиот народ. Се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ со европски лидер некогаш ќе поддржи вакви процеси како што е ветингот – рече Заев.

Мицкоски, пак, на ова одговори дека единственото што Заев досега го направил е да ја опустоши и да ја омаловажи земјава.

Вие направивте да владеат криминалот и уцените. Вашата и мојата реторика се разликуваат. Јас не барам власт, нити сум шеф. Јас сум заедно со народот со желба да ја обновам државата. Јас сум претседател на партијата и вие не сте ми ноќна мора. Се надевам дека ќе ве гледам и во иднина, но во едно друго место каде што ќе мора да ја докажувате вашата невиност – одговори Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.