Објаснувајќи го процесот на промена на името и заблагодарувајќи му се на народот за товарот што го носел за промена на името, премиерот на Република Македонија денес првата прес-конференција по изгласувањето на уставните измени ја заврши со пораката: „Да живее Северна Македонија“.

Тој во обраќањето пред медиумите испрати порака дека Македонија мора да оди напред и реформите мора да продолжат, а во одговорите на новинарските прашања на забелешката дека неколкупати употребил Република Северна Македонија, рече дека граѓаните прво треба од негова уста да чујат колку сериозна одлука е донесена.

Спомнав (Република Северна Македонија), за да сфатат граѓаните прво од устата на премиерот, за важноста на одлуката што е донесена во нашиот парламент. Договорот стапува на сила откако ќе биде ратификуван и во грчкиот парламент. Примената е јасно опишана внатре, и за меѓународна употреба стапува веднаш. За домашна употреба, со отворање на поглавјата, не повеќе од пет години. Но, дефинитивно, тоа е решението што го прифативме и ги отвора перспективите на целиот наш народ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.