Ние со Бугарија продолжуваме да градиме пријателски односки затоа што ни треба решение. Јас сум горд што во мојот мандат Македонија стана членка на НАТО. Продолжуваме кон втората стратешка цел, ЕУ, а јас споделив со јавноста дека моите очекувања се да не се надеваме ништо во септември, ништо во октомври, ништо во ноември, туку во декември, вели премиерот Заев за датумот за преговори.

Мицкоски му возврати со прашање: А што се надевавте тогаш во авиончето?

Добивме консензуална одлука, 27 членки на ЕУ донесоа одлука за почеток на преговорите, ја објасни Заев фотографијата, за која Мицкоски му рече дека тогаш не зборувале така.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.