Заев да не развлекува и да ја прифати оставката на Филипче и Хасани, изборите секако ќе ги загуби што и да направи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Видовме дека Заев нема ништо ново да понуди. Стравот од пораз е очигледен и Заев знае дека ќе изгуби. Кандидатите на СДСМ се стари и истрошени кадри кои дел биле веќе градоначалници, а дел смениле по неколку државни функции, само 5% се нови кандидати. Во ВМРО-ДПМНЕ е спротивно. 95% се нови кандидати. Заев не нуди ништо ново. Заев нуди враќање во проблеми и поделби.

Заев покажа дека има недостаток на чувство за одговорност и ја гледа само својата лична комоција, Заев покажа дека не трпи различно мислење и го шиканира секој еден кој слепо не го следи. Тоа е матрицата на Заев, затоа се повеќе членови на СДСМ како Максим Димитриевски се отргаат од него.

Заев цело интервју не кажа ништо ниту за криминалот на Шилегов, Весковски и остантите кандидати на СДСМ, кои видовме дека ја користеле функцијата за местење тендери.

Со СДСМ нема ништо ново, само криминал, корупција и беспарица“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.