Премиерот Зоран Заев денеска во објава на Фејсбук нагласува дека верува во транспарентни и во многу прецизни и брзи истраги.

Јас, уште еднаш напоменувам, сум човекот којшто го пријави овој случај. Да не биде тоа заборавено. Денес оваа политичка гарнитура, преку извршната власт, создаде услови правосудството, Јавното обвинителство, непречено да работи, без разлика дали некој бил газда на медиум којшто ја поддржувал власта, денеска тој е во притвор, истакнува Заев.

Според него, во сите земји каде што се создавале услови да владее правото и органите на прогонот да си ја вршат работата, не било лесно да се стори тоа и секаде било трауматично.

И кај нас не е лесно, и е трауматично. Но, така ќе бидеме правна држава и држава којашто сите ја посакуваме. Дојдов благодарение на гласот на граѓаните, борејќи се и за слобода и за демократија и за правна држава и за владеење на правото и за нормална земја. Ќе се бориме до крај затоа што секој што се инволвирал, секако ќе си носи одговорност, нагласува Заев во објавата на „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.