Мери Николова Буџаку, некогашна „шарена револуционерка“ и гласна активистка на СДСМ, треаба да плати казна оти во 2015 за време на протест прескокнала ограда. Таа веста ја објави на социјалните мрежи и порача дека казната сега треба да и ја плати Заев.

Денес добив известување од УЈП дека ќе пристапат кон присилна НАПЛАТА на глоба. На мое прашање кон раководителка во УЈП зошто е оваа казна, таа ми одговори (изгледаше по гласот многу задоволна што ме казнуваат) : “казнета сте поради прескокнување на ограда пред Влада за време на протест во 2015 год”. Барам Заев да ми ја плати казната. Како од големи борци за правда станавме непријатели на државата? Јас не сум криминалец туку жена борец, горда сум што со моите дела (бев меѓу првите, со “Удар” што се осмели да дигне глас против режимот), која истата година Фокус ме оцени меѓу 11- жени хероини! После ова казна (за мене врв и показател за се што се случуваше од тогаш) си поставувам прашање, секој ден: За кога сум прескокнала ограда, за што, за кого сум се борела и протестирала? А дали мене некој ќе ми плати за ударите и клоците од полицијата, за навредите и пцовките од разни индивидуи (не ги нарекувам со име на животни да не ги навредам животните)! Драго ми е што бев борец за правда, но никако неможам да бидам горда што допринесов да дојде на власт Зоран Заев, за негови лични интереси, вели таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.