СДСМ и БЕСА денес формираа коалиција за пораз на изборите на 12 април, спој на луѓе без јасни и конкретни ставови, рагираат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на БЕСА за лидерот на СДСМ Заев кажа: „Тој е измамник кој не си стои на зборот”. Два месеца потоа коалицира со истиот тој измамник, се вели во партиското соопштение.

Зоран Заев е човекот кој од Македонија направи хибриден режим, додаваат, а оваа коалиција е за создавање на целосен режим.

Зоран Заев е човекот, главата на криминалниот октопод, шефот на мафијата. Тој е човекот под чии диктат се носат судски одлуки и се кројат кривични постапки. Заев е човекот зад криминалот, корупцијата и рекетот, поради кои Македонија падна за 13 места на индексот на корупција на Транспаренси. Коалицијата помеѓу СДСМ и БЕСА е коалиција за продолжување на криминалното владеење. БЕСА е партијата која заговараше федерализација на Македонија, а добро е да се знае дали и Заев ги дели истите ставови. СДСМ креира поделби. Граѓаните ќе ги поразат СДСМ на изборите на 12 април и ќе ја донесат правдата во Република Македонија, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.