Не очекуваме ништо повеќе од тоа Заев да ја почитува резолуцијата која ВМРО-ДПМНЕ ја предложи во Собранието, а ја поддржаа сите партии вклучувајќи ја и СДСМ, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

А се друго кое што го кажува Заев, а е поврзано со прашањето со Бугарија има за цел да го дефокусира вниманието на јавноста од 14 изгорени луѓе, чијашто истрага ја попречува токму власта, ниедна друга екскурзија на Заев не смее да ја попречи истрагата.
Заев наместо да зборува за историја, која најверојатно не ја ни учел, бидејќи имал по три часа, нека почне со одговорноста на Илир Хасани и Венко Филипче, и со тоа како 14 луѓе живи изгореа, а цела влада се трга од одговорност.
Лицемерието на Заев одамна излезе на површина, а на овие избори ќе биде силно поразено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.