Дали секретарот на Владата, Драги Рашковски ќе понесе одговорност и ќе треба да поднесе оставка, премиерот Зоран Заев ќе одлучи откако ќе ги слушне снимките и ќе ги разгледа документите по втората објавена „бомба“ за случајот со „М-НАВ“.

Јас таму видов дека се спомнуваат некои записници, што само по себе потврдува што е суштината на самите состаноци, но дозволете ми да ги видам аргументите, да ги видам снимките. Јас внимателно ја следам јавноста за сите овие постапки. Секако стојам на ставовите дека, како што реков, не треба никој што добил задача, чест и одговорност да извршува јавна функција или да биде сервис на граѓаните да биде, на некој начин, боксерска вреќа, рече Заев, одговорајќи на новинарски прашања по средбата во Општина Штип со министерот за земјоделство Трајан Димковски и граодначалникот Благој Бочварски.

Заев потенцира дека доколку Рашковски се огрешил, има закони според кои ќе одговара но, има, како што додаде, и етички дел, „треба да се знае каде поминува границата или не“.

Транспарентен сум, секој ден сум на располагање и ги коментирам случаите и мислам дека така заздравува и се усовршува Република Северна Македонија и сите институции и општеството и ние како граѓани, напомена премиерот. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.