Премиерот во заминување Зоран Заев преку „Фејсбук“ им го честита празникот Ханука на Евреите во Македонија.

Ханука е празник на светлината. Кога вечерва ќе се запали осмата свеќа на менората во домовите на Еврејската заедница во нашата земја, да посакаме сите светла нова 2020 година. Да ги прифатиме сите убави желби испратени со светлината и да ја прифатиме надежта дека во годината пред нас ќе не следат блескави денови исполнети со радост. Среќна Ханука!, порача премиерот во заминување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.