Честитката на премиерот Зоран Заев по повод 30 години независност, како што тој ja нарекува Cеверна Македонија, ги разбранува социјалните мрежи. Речиси сите граѓани му забележуваат на придавката на Македонија, со оглед на тоа дека кога се избори за независност, државава беше Република Македонија.

Тој ваш назив нема историја. Не може да биде во историјата на таа Македонија.
Во историјата на Република Македонија, има светли датуми од кои најзначаен е 8ми септември. Ден на Самостојна, Суверена и Независна Република Македонија!
Република Македонија постои 30 години, а се она што е противуставно наметнато, не може да бидее предмет на честитање и славење. Никогаш.
Бидејки вие од Македонија направивте се, освен независност, пишуваат граѓаните.

Која Cеверна бе да ве север однесе сите до еден, нашите предци се превртуваат во гроб, да знаеле дека се ќе уништеме со прст немало да мрднат, срам, беда и пропаст, среќен нека ви е празникот дај боже наредниот да не го дочекате, коментираат граѓаните.

Македонија слави 30 години,а оваа ваша cеверна Македонија мала ви е уште и душата и ја зедовте на оваа првава нашата татковина .
Нив од партија не ги оставаат “Македонија” да напишат, независност ќе славеле…, се нижат коментарите

30 години независна РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА👌👌👌Со кое лице честиташ независност?Ти и твојата банда славете си независност на вашата северна…Да е жива и вечна РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 👌👌👌

8 септември нема никаква врска со нордистан! Да живее Република Македонија!

Гони се и ти и таа твоја cеверна
Да живее Република Македонија!

Честит празник. Да живее Република Македонија!!!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.