Отворањето на пристапните преговори за членство во ЕУ останува наш стратешки приоритет и потенцирам, она што верувам е јасно и за Брисел дека билатерателните прашања немаат место на преговарачката рамка, кажа премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со помошник-државниот секретар на САД, Филип Рикер. Заев најави дека продолжи да се бара начин за надминување на спорот со Бугарија.

С Македонија нема да отстапи од изнаоѓање на заедничко прифатливо решение со Република Бугарија, засновано врз европски врендости и стандарди. Посветени сме да работиме со добра волја на имплементација на Договорот за пријателство и добрососедство, во сите области од заеднички интерес, вклучително и на Комисијата за историско – обрзовни прашања. Но, има некои прашања за кои навистина не може да се преговара. Брисел треба чесно да се соочи со ситуацијата во која е ставена стратешката определба за натомошно проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан и да смогне сили да го објави тоа решение до Самитот на ЕУ за Западен Балкан кој ќе се одржи оваа есен. Ја имаме поддршката на САД во овој поглед и тоа е од огромна важност. Сега повеќе од кога било едногласни сме дека унапредувањето на регионалната соработка е неминовна за европеизација на Балканот“, рече Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.