Премиерот Зоран Заев во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 изјави дека му паднало многу тешко, затоа што верува дека ветото не е желба на бугарскиот народ, туку на политика пред изборите во Бугарија.

Сепак, Заев порача да се даде шанса до декември.

Борисов не ми честиташе за наградата, и не се слушнавме денеска. Уште еднаш можам да потврдам дека разговорите продолжуваат. Јас ќе му се јавам деновиве. Продолжуваме со тимовите да наоѓаме решенија – изјави  Заев во гостувањето на ТВ21.

Заев истакна дека ова е најголемиот пораз за ЕУ и дека разочаран од одлуката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.