Премиерот во заминување Зоран Заев со порака до граѓаните преку „Фејсбук“ ја одбележа осумгодишнината од смртта на македонскиот претседател Киро Глигоров. Тој напиша дека „благодарение на него, денес граѓаните на Северна Македонија се движат по јасно трасиран пат на безбедноста, демократијата и напредокот“.

Денес се навршуваат осум години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија. Киро Глигоров ги поврза двата столба на македонската државност – АСНОМ 1944 и 8 Септември 1991. Тој имаше исклучителна улога во процесот на политичкото и мирољубиво осамостојување на земјата и на нејзиното меѓународно признавање. Благодарение на него, денес граѓаните на Северна Македонија се движат по јасно трасиран пат на безбедноста, демократијата и напредокот, напиша тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.