Премиерот Зоран Заев преку „Фејсбук“ упати искрени и најсрдечни честитки за, како што вели, добивањето на најпрестижната награда, Нобеловата награда за мир, за премиерот на Етиопија, Аби Ахмед.

Нобеловата награда за премиерот Аби Ахмед е заслужено признание за неговиот придонес за ставање крај на 20 годишната војна меѓу Етиопија и Еритреја и е инспирација за сите, вели во објавата македонскиот премиер.

Тој исто така нагласува дека е благодарен на добитничката на Нобеловата награда за мир, Уидед Бушамауи, која заедно со ФОН Универзитет ги номинирале со поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас, за годинешната Нобелова награда за мир.

Договорот од Преспа го создадовме како обврска кон нашите народи и како порив за трансформација на Балканот во извор на соработка и заедништво. Останува мојата и заложбата на Владата на Северна Македонија, со поглед напред, а не назад, за градење долготраен мир, стабилност и просперитет за граѓаните на нашата земја и за граѓаните од регионот, стои во пораката на Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.