Премиерот Зоран Заев не дава коментар за одлуката со која притворот на Драги Рашковски е заменет со куќен притвор.

Знам дека е заменет од притворот во затвор во притвор домашен. Одлуката е донесена вчера, таа е соопштена. Се уште постојат постапки, жалби и слично, право на двете страни. Немам нешто посебно да коментирам. Знам дека беше повеќе од 40-ина дена во притвор – изјави Заев во одговор на новинарско прашање за коментар за куќниот притвор на Рашковски.

Вчера Апелациониот суд Скопје донесе одлука поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски да се врати, односно да се спроведе во куќен притвор од затворот „Скопје“.

Претходно Вишото јавно обвинтелство Скопје предложи да се прифати понудената гаранција во висина од околу половина милион евра на Рашковски за да излезе од притвор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.